Крушевскиот градоначалник и неговиот тим домаќини на Ген. конзулка на Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти
Денеска, Општина Крушево беше домаќин на Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти. Средбата се одржа во пријатна и работна атмосфера, при што се разговараше за можностите за отворена и конструктивна соработка во повеќе области од заемен интерес.

“Во текот на разговорите ја истакнав подготвеноста на Општина Крушево за размена на идеи, искуства и добри практики, како и за воспоставување конкретни иницијативи кои ќе придонесат кон локалниот развој и унапредување на активностите во општината. Посебен акцент беше ставен на значењето на соработката на локално ниво, како основа за реализација на проекти од заеднички интерес. Ваквите средби претставуваат можност за отворање нови перспективи и продлабочување на комуникацијата, со цел создавање основа за идна соработка која ќе донесе позитивни резултати за нашата заедница” – порача Чонески.


















