ЈП Паркинзи – Битола: Се оградуваме од ставовите кои злонамерно, популистички сакаат да го злоупотребат барањето за корекција на цени на услуги на јавните паркиралишта за прибирање на ситни политички поени за дневна употреба
Соопштение од ЈП Паркинзи – Битола
Почитувани граѓани
ЈППЈЛП се оградува од ставовите кои злонамерно, популистички сакаат да го злоупотребат барањето за корекција на цени на услуги на јавните паркиралишта за прибирање на ситни политички поени за дневна употреба.
Цените на ова претпријатие не се корегирани од самото негово основање, а од друга страна платите растеле секогаш согласно законските прописи.

И покрај сите покачувања на суровини, материјали па и платите на работниците до сега не е направена корекција на цената.
Соочени со суровата реалност и неможноста да влијаеме врз зголемувањата на сите трошоци но и свесни дека ова е непопуларна мерка но сепак единствена за понатамошното одпстојување на ЈП предложивме корекција на цените.
Злоупотребата на овај настан од политички чинители кои сакаат да причинат паника кај граѓаните ја отфрламе како злонамерна.
Само еден факт говори за манипулациите со кои се служат:
Вкупен број на вработени во ЈППЈЛП денес: 64, од кои:
Административни: 8
Даватели на услуги: 56
Видливо е дека тука не станува збор ниту за превработеност ниту за преголем број на т.н. канцелариски вработувања туку дека само 14,3% од вработените вршат канцелаиски работи а остатокот од 85,7% се т.н. теренски работници.
За придобивките за кои сите треба во својот дел на одговорностите да се стремиме а тие се поздрава животна средина со тоа и почист воздух и посмирен сообраќај во централното градско подрачје со намалување на обемот на сообраќајот од лесни возила не станува ни збор.
Искрено се надевавме на постручен пристап и користење на стручни аргументи при третирањето на оваа тема, но сепак тоа е оставено на вољата на политичките чинители.
Со почит ЈППЈЛП БИТ
ЛА


















