ВИКТОР ОРБАН ОД ОХРИД: ЕУ ви ја гази националната гордост

Сподели го ова:


























Огромна историска грешка на ЕУ е што сè уште не ги почнала преговорите за членство со Македонија, а таа грешка сега е дигната на квадрат со одвојувањето на Албанија во евроинтеграцискиот процес, за што јас не гледам никакви причини – истакна денеска директно од Охрид унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничката прес-конференција која ја имаше заедно со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Националната гордост е најважна и ЕУ мора тоа да го има предвид. Ова што се случува со Македонија е повредување на националната гордост на граѓаните што 10 години постојано се случува. Вие одамна требаше да сте членки, а овој однос на ЕУ прави рани на душата. Ние треба да градиме пријателства, а не да задаваме рани на душата на една нација. Голема грешка е што не сте членка, а вас сега ве одвојуваат од Албанија. Единственото решение го гледам во тоа дека вие до крајот на годината мора да почнете со преговорите истакна Виктор Орбан.




Сподели го ова:

Слични објави