Аирлија нека ни е-Од денеска најверојатно ново зголемување на горивата

Од денеска најверојатно ново зголемување на горивата. Меѓуто,а министерот Бектеши со зборови ја ублажува ситуацијата: Ве уверувам дека цените на нафтата и нафтените деривати во Северна Македонија ќе бидат најконкурентни и најмали ако ги споредуваме со цените на соседите, нагласи министерот за економија Крешник Бектеши во текот на вчерашниот ден. Самиот тој исто така потенцираше дека сите резерви и државни и оперативни се полни, а испораките се прават редовно. Како и да е, нашите граѓани скоро и да се навикнаа речиси секојдневно да плаќаат нови високи сметки за гориво. Во изминатата недела цената на горивата на светските берзите постојано растеше, а во петокот цената на суровата нафта надмина 120 долари по барел. Се очекува одлуката која денеска ќе ја донесе РКЕ да опфати уште едно ново поскапување на нафтените деривати.
