Учениците и наставниците од ООУ „Добре Јованоски“ со многу детски насмевки, позитивна енергија и искрена радост, заокружија уште една успешна учебна година
„Заедно во боите на другарството“
Со многу детски насмевки, позитивна енергија и искрена радост, учениците и наставниците од ООУ „Добре Јованоски“ ја заокружија уште една успешна учебна година преку завршна приредба под мотото „Заедно во боите на другарството“.

Преку песна, игра и дружење, учениците испратија порака за важноста на пријателството, меѓусебната почит и заедништвото, вредности кои се темел на секое успешно училиште и здрава заедница.

Настанот беше прекрасна можност да се претстават трудот, креативноста и посветеноста на учениците и наставниците вложени во текот на целата учебна година, исполнета со нови знаења, успеси и незаборавни моменти.
Општина Прилеп им честита на сите ученици, наставници и родители за успешното завршување на учебната година и им посакува убав, безбеден и исполнет летен распуст.
Нека другарството, радоста и љубовта кон учењето продолжат да бидат најубавите бои што ги красат училишните денови.


















