Денеска се празнува светата блажена Ксенија Петроградска
Денеска, православните верници го слават празникот посветен на светата блажена Ксенија Петроградска.
Оваа светица е родена е во Рим како единица ќерка на прочуен сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители и за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во христовподобувањето. Иако беше жена, имаше машка издржливост во постот, молитвата и бдеењето. Често стоеше на молитва по цела ноќ. Беше облечена посиромашно од сите сестри, а врз лебот што го јадеше често истураше пепел од кадилницата. Во мигот на смртта (+ 455 г.) над манастирот се појави прекрасен знак: венец од ѕвезди со крст во средината, поблескав од сонце. Од нејзините мошти мнозина болни добија исцеление. Нејзините робинки го следеа примерот на својата игуманија и кога умреа беа погребани, според нивната желба, крај нозете на блажената Ксенија.
Тропар
Туѓинка на земјата, и блажена жителка на небесата, во љубовта божествена сите ги надмина, Ксение преподобна, како грлица верна на Христа докрај Му остана, и живеејќи на земјата за ништо земно не се врза. Затоа, блажена девице, моли се за нас, кои со љубов твојот спомен го почитуваме.