Оваа сабота во Прилеп на празникот Младенци, ќе се отслужи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида за покој на душите на младенците, кои го загубија својот живот во страшната несреќа во Кочани

Сподели го ова:






























ИЗВЕСТУВАЊЕ

Драги прилепчани, браќа и сестри!

Со длабока тага и сочувство, храмот Св. Благовештение ги известува сите верници, дека во сабота, на 22 март, на празникот посветен на 40-те севастиски маченици – Младенци, ќе се отслужи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида за покој на душите на младенците, кои го загубија својот живот во страшната несреќа во Кочани.

Во овие моменти на неизмерна болка, ја споделуваме тагата со семејствата на починатите и изразуваме најискрено сочувство. Го повикуваме сиот верен народ да се соедини во молитвата, да ги испросиме од Господа милоста и покојот на нивните души.

Истовремено, да се помолиме за брзо закрепнување на сите повредени и измолиме од Бога да им даде сила на сите семејства да издржат во овие тешки, мачни и тажни денови за нашата Македонија.

Вечен спомен и царство небесно за починатите, а на погодените од несреќата, утеха и сила да истраат – известуваат од прилепскиот црковен храм св. Благовештение – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави