ПОГЛЕДНЕТЕ: “Солза и смеа” вчера во Прилеп направија спектакл за паметење!

“Цел Прилеп” вчера уживаше во најновото шоу на “Солза и Смеа”, каде за прв пат во Прилеп, ПРЕМИЕРНО го изведоа нивното најново комично шоу, а СТАНИЦА.МК како и секогаш, така и вчера ја имаше ексклузивата ПРВА да известува за овој урнебесен спектакл во Прилеп.
Најновата урнебесна комедија вчера во НУЦК Марко Цепенков-Прилеп, со сигурност ги насмеа сите прилепчани до солзи!!!
Големата сала на НУЦК Марко Цепенков-Прилеп вчера вечерта – исто како и лани, беше претесна за да ги собере сите прилепчани кои уживаа во шоуто на овие добро познати комични ликови.
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават, постои огромен интерес за незаменливите Солза и смеа.