ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ: Во текот на октомври или почетокот на ноември ќе бидат готови учебниците за учениците??

Сподели го ова:





























Во наша земја се е можно, па така беше и со фактот дека дел од учениците новата учебна година ја започнаа без учебници, што нормално создаде голем револт кај родителите. Меѓутоа, министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека во текот на октомври или почетокот на ноември ќе бидат готови учебниците за учениците.

“Некои учебници на друга седница ќе се одобрат од Националниот совет. И гледам позитивна енергија во ова. И затоа јас уште пак ќе кажам, ние се подготвуваме и Советот кој го најавив каде се вклучуваат многу институции е за да ги поврземе институциите, да ги имаме податоците, да знаеме како можеме да го решиме тој проблем кој е долгогодишен” – нагласи Шаќири, веднаш по отворањето на тркалезната маса „Хармонизација на студиските програми во високото образование со потребите на пазарот на трудот“.

Колку ваквото ветување од министерот ќе стане реалност – останува да видиме.




Сподели го ова:

Слични објави