Чонески: Продолжуваме да вложуваме во подобрување на социјалната заштита и грижата за најранливите категории граѓани

Сподели го ова:





























Денеска крушевскиот градоначалник Нико Чонески потпиша договор со кој се обезбедува континуитет на социјалната услуга „Помош и нега во домот“ и во текот на 2026 година. Оваа услуга е резултат на успешната соработка помеѓу Општина Крушево и Црвен крст Крушево, реализирана со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

“Со договорот се обезбедени финансиски средства за ангажирање на 30 негуватели, кои активно работат на терен и ги опфаќаат градот Крушево, како и населените места Пуста Река, Свето Митрани, Пресил, Бучин, Алданци и Борино.

Услугата „Помош и нега во домот“ претставува значајна поддршка за лицата на кои им е неопходна секојдневна грижа, овозможувајќи им навремена и квалитетна помош во сопствениот дом.

Со ова продолжуваме да вложуваме во подобрување на социјалната заштита и грижата за најранливите категории граѓани” – порача крушевскиот градоначалник Нико Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави