СОПРУГАТА НА МИШО КОВАЧ: „Му даде оружје на детето-тој го купи пиштолот“
Сликата на идеално семејство на Мишо Ковач и неговата сопруга Анита траеше се до почетокот на 90-тите, односно се до моментот кога нивниот син Еди настрада во војната. Сопругата на Мишо- Анита, за хрватските медиуми ги кажала деталите од трагичната ноќ кога го загубија синот Еди. Имено еве што точно таа изјавила за тамошните хрватски медиуми:
„Мишо тогаш направи една глупост. Купи пиштол и му го даде на Еди. Го молев да не го прави тоа да му стави оружје во рацете на детето, но Мишо имаше огромна доверба во Еди и ми тврдеше дека нашиот син е одговорен и дека знае што има во рацете. А Еди никогаш не се одвојуваше од пиштолот. Тој, дури го носеше и на излегувања. До таа кобна вечер во април 1992… Еди секогаш ќе се јавуваше ако останеше подолго и секогаш знаевме каде беше и што правеше. Но тој не се јавуваше таа вечер, па дури не дојде ни дома до 22. часот. Ниту до 23:00 часот. Го молев Мишo да направи нешто, да оди да го бара. И тој самиот беше загрижен, но не знаеше кому да се јави, каде да оди. Излегував пред куќата, гледав по улицата, чекав за да се појави Еди од некаде. Околу три и пол по полноќ ни заѕвони телефонот. Одговори Мишо и остана без зборови. Полицијата го известила дека Еди е во Драшковиќева, во болницата за трауматологија и дека му рекле дека Еди „има полесна повреда на мозокот.
Тој имаше завој околу челото а лекарите беа многу оптимисти за неговото закрепнување. Ни кажаа дека куршумот поминал покрај фронталниот дел од мозокот, и дека Еди ќе се извлече, но дека најверојатно ќе има проблеми со моторика на десната рака. Немаше трага од лош исход“, се сеќава Анита на ноќта во која Еди настрадал, по што поминал уште неколку дена закрепнувајќи во Драшковиќева. Како што ми рекоа подоцна, еден од лекарите дошол на посета и му го извадил ќебето на Еди. Се шокирал кога видел дека стомакот му е отечен и полн со течност. Веднаш го префрлиле во КБЦ Ребро и откриле дека е полн со бактерии поради нечија намерна или ненамерна грешка тој умре од сепса во најголема агонија и тоа ми е и денес најтешко да го прифатам. Нашиот син не требаше да умре“, изјавила Анита Батурина за хрватските медиуми.