ВУЧИЌ: Никој нема да ми наредува, ни Путин, ни Бајден

Сподели го ова:
























Српскиот претседател Александар Вучиќ за медиумите изјави дека ниту еден од функционерите на странски држави, нема политичко влијание врз него, премиерот и претседателот на парламентот, дури ниту од Русија.

„Што се однесува до руското влијание, да бидам многу јасен… економското влијание е неспоредливо помало од германското, што се однесува до политичкото влијание, не можам да зборувам за сите актери, можеби врз некои имаат можеби немаат влијание на некои, на премиерот, на собранието и на републиката, никој освен граѓаните на Србија нема никакво влијание“, рече Вучиќ.

Тој исто така повтори дека никој не може да му нареди, при што рече, „ниту од Вашингтон, ниту од Москва, Берлин или од кое било друго место“.




Сподели го ова:

Слични објави