Од 26 август, меморијален меѓународен ракометен турнир во знак на сеќавање на Миле Нешкоски

Во знак на сеќавање на нашиот сограѓанин и спортски работник Миле Нешкоски оваа година се организира седмиот по ред меморијален меѓународен ракометен турнир во негова чест. Турнирот ќе се организира на 26, 27 и 28 август.
Како организатор на турнирот се јавува организационен одбор, кој што функционира во тесна соработка со РК Прилеп, а исто така и со поддршка на Општина Прилеп.
Натпреварите на турниот ќе се играат во спортската сала на средното општинско училиште „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп.
Влезот е слободен, нема да има влезници, со цел сите љубители на спортот и на ракометот да ги посетат натпреварите на седмиот меморијален меѓународен турнир „Миле Нешкоски“ и да уживаат во ракометната игра.