|

Погребан големиот српски пејач Маринко Роквиќ

Сподели го ова:


Денес беше погребан Маринко Роквиќ, а покрај семејството и пријателите, на погребот присутни беа и колегите на Роквиќ, односно голем број на естрадни ѕвезди: Александра Пријовиќ, Филип Живојиновиќ, Јелена Карлеуша, Весна Змијанац, Халид Муслимовиќ, Ана Бекута, Мира Шкориќ, Нада Топчагиќ, Жељко Самарџиќ, Игор и Кеба Којиќ, Саша Матиќ… На погребот присутен беше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Никола Роквиќ (синот на Маринко) одржа трогателен говор на погребот на неговиот татко. “Заминување – што значи тоа за маж? Дали е тоа крај, збогување или нов почеток? За нашето семејство тоа беше момент на целосна љубов, чисти емоции кои немаат граници, моменти кои беа прозорец кон вечноста, измешани со човечки таги и човечка болка. Дали само кога ќе дојде моментот на крајот ќе почувствуваме целосна слобода и ќе се ослободиме од сите непотребни бариери и огради? Тешко ли е да се каже, љубов моја, мој живот, мои радости, моја убавина, тешко ни е да го кажеме тоа секој ден? Верувајте, мораме” – нагласи Никола Роквиќ.





Сподели го ова:

Слични објави