Да беше жив, Тоше на 25-ти Јануари ќе наполнеше 43 години
Тоше, нашиот ангел кој прерано не напушти и се пресели во вечноста, да беше жив на 25-ти овој месец ќе наполнеше 42 години. Имено на 25 јануари оваа година ќе се одбележат 43 години од раѓањето на Тоше Проески.
Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна уште во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.
Неговиот живот заврши пред 15 години на 16.10.2007 година, во годината која што Тоше одбележуваше 10 години успешна кариера. Останаа да говорат само спомените за едно убаво време, време кога го имавме Тоше, нашиот Тоше, оној скромен-преспособен млад човек за кого песната и животот му беа ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ.