|

ППК “Младост 96”-Прилеп на камп во Власина-Србија

Сподели го ова:
























На кампот во Србија учествуваа деца од повеќе земји, меѓу кои и тројца млади пингпонгари на “Младост 96”-Прилеп. Станува збор за Лука Огненовски, Давид Јоноски, и Трајче Маркоски. Јоноски, за жал поради настинка, учествуваше само два дена на кампот во Власина, кој го предводеа искусни тренери од Србија. На последниот ден од кампот, се одигра и турнир помеѓу младите пингпонгари поделени во неколку возрасни групи.

Прво место и пехар, во групата до 12 години освои ТРАЈЧЕ МАРКОСКИ победувајќи ги убедливо сите противници, а во финалето подобар беше од пингпонгарот од Србија, со резултат 3-2. Лука Огненовски одлично ги одработи подготовките на кампот, и на турнирот иако не освои едно од првите три места, сепак покажа дека во престојниот период самиот тој ќе биди неопходен за клубот “Младост 96”-Прилеп. Во наредната сезона ППФМ воведува нов формат на натпреварување во јуниорските лиги, односно ќе се игра лига “секој со секого”, па поради тоа ППК “Младост 96”-Прилеп ќе учествува и во машката и во женската категорија во Јуниорската лига.

Следува интересен, и пред се, возбудлив спортски период каде “Младост 96”-Прилеп повторно, и пред се достоинствено, ќе го претставува градот под Марковите Кули онака како што заслужува, бидејќи Прилеп бил – и ќе остане најголем спортски град во нашата Македонија, односно град каде што спортот и спортските активности се длабоко вткаени кај секој прилепчанец.




Сподели го ова:

Слични објави