|

ВИДЕО: Во 2005 година Александар Вучиќ му ја предаде својата партнерка на Тоше Проески

Сподели го ова:


Тоше, беше нашиот ангел, човекот кој беше-и остана еден и единствен во овие наши простори. Тоше, ангелот кој што остави длабока трага на ова наше ѕвездено музичко небо, како резултат на неговата музичка популарност на балканот и пошироко, постојано беше гостин и на тв емисии надвор од нашата земја. Додека Тоше беше жив, беше гостин во една тв емисија на ТВ Пинк, каде покрај него и останатите други гости во тв емисијата, гостин беше и сегашниот претседател на Србија-Алкесандар Вучиќ. Во еден дел во емисијата, врз основа на концептот на самата емисија, Александар Вучиќ игра модерен танц со една девојка која е дел од самата емисија. Од она што се гледа од самата снимка, сегашниот претседател на Србија во тој временски период не се снаоѓа баш успешно во играњето, при што партнерката со која играше самиот тој во емисијата на ТВ Пинк, му ја препушти на Тоше Проески. А Тоше, не чекајќи ниту миг, веднаш и пријде на девојката, ја фати за рака, и започна да игра во иста динамика, со исти современи чекори и во ист модерен ритам, онака како што доликува на Тоше, нашиот Тоше, човекој кој ни недостасува на сите…Буквално на сите.. Инаку моментот каде што Александар Вучиќ му ја предава својата партнерка на Тоше Проески, може да го погледнете во видеото во прилог, точно на 28:55 секунди





Сподели го ова:

Слични објави