|

Почина Аки Рахимовски, а битолчани ја имаа таа чест минатата година да уживаат во неговиот последен одржан концерт во Македонија

Сподели го ова:


Популарниот пејач Аки Рахимовски почина денес на 67 годишна возраст, а оваа вест официјално е потврдена на официјалната страница на неговиот бенд ,,Парни Ваљак”. Аки Рахимовски беше фронтменот на групата „Парни ваљак“, а неодамна стана татко по трети пат, при што на свет тогаш дојде ќерката Антонија, која Аки ја доби заедно со 27 години помладата девојка Барбара Весел од Словенија. Од претходните бракови Аки Рахимовски го има синот Кристијан, како и ќерката Едина, а воедно беше и дедо. Станува збор за голем музичар кој беше присутен на сцената со децении наназад, и чии што песни се пеат во сите поранешни Ју-републики. Неговиот последен настап во нашата земја се случи на 7 јули 2021 година на ракометното игралиште во Битола. Информативниот тим на информативниот портал “STANICA.MK” како моментално нај-актуелен инфо-портал во нашиот регион, упатува искрено сочувство до неговото семејство и неговите фанови.





Сподели го ова:

Слични објави