“The FOUR” направија вистински спектакл во “Bianco Kitchen & Bar”

Сподели го ова:


После богатата музичка агенда со настапи ширум цела наша земја, прилепскиот, но сепак светски музички бенд “The Four” имаше свој музички настап и во родниот Прилеп, односно во “Bianco Kitchen & Bar”. Присутните во Bianco уживаат во одличниот музички репертор кој што го изведоа членовите на овој современ музички бенд, “бенд со вистински музички квалитет”-како што викаат прилепчани. На почетокот во Bianco, музичкиот бенд “The Four”, почетокот на забавата го загреаа со светски познати музички хитови во интерпретација на Даниел Павлоски, одличен, модерен вокал кој што е добро препознатлив на нашата публика. Откако за неколку минути преку музика ја вжетија атмосверата во Bianco Kitchen & Bar-Прилеп, “The four” започнаа со пеење на најактуелните современи музички домашни и балкански хитови. Присутните во еден глас сите заедно ги пееа песните во изведба на “The four”, при што иако беше помината лудата новогодишна ноќ, саботата вечерта изгледаше точно како да е новогодишна прослава, благодарение на музичкиот бенд “The four”, кој што освен Даниел Павлоски, овој бенд го сочинуваат добро познатиот Душко Темелкоски, маестро Рубин Димкоски и Емил Велкоски. Забавата кулминираше кога маестро Рубин Димкоски ги запеа добро познатите, и моментално најактуелните песни од Тома Здравковиќ изведени во филмот “Тома” а тоа се “За Лиљану” и “Поноч”. Е баш точно на овие две песни, публиката во еден глас-онака спонтано-искрено од душа пееше и уживаше во маестралниот настап на маестро Рубин Димкоски, кој што веќе 30 години е познат на љубителите на ноќниот живот ширум нашата земја со бројни настапи во големите клубови ширум нашата земја. А доколку “The Four” сакате да гостуваат во Вашиот клуб во Вашиот град, или ако сакате да бидат дел од Вашите фамилијарни прослави и свечености, тогаш слободно може да ги побарате и да си резервирате термин на 075 943 576…”The Four”-современ музички бенд, за современи музички моменти и прослави.





Сподели го ова:

Слични објави