ВИДЕО: Погледнете како во ноќните клубови “во еден глас” се пее најновата песна од Филип Николоски
Трета песна, и повторно нов трет успех на музичко поле. Прилепчанецот Филип Николоски после песните “Тебе те нема” и песната “Вози-вози ме”, пред две недели на својот роденден го издаде најновиот хит “Само на добро нека е”, со кој овој познат прилепчанец веќе “жари и пали” во клубовите на ноќните свирки.
Станува збор за песната “Само на добро нека е” која со сигурност го освои Вашето внимание. Во оваа песна како автор на текстот се јавува Душко Темелкоски, додека пак како автор на музика и аранжманот се потпишува маестро Рубин Димкоски, и истата песна е снимена во неговото “R Music studio”, музичко студио каде што снима речиси целата естрада, како што се Миле Кузмановски, Тајфата, Гоце Балада, како и голем број на други истакнати музички имиња од нашата естрада.
Прилепските граѓани коментираат дека ова е уште еден “вистински полн погодок” на прилепчанецот Николоски.
Добро е што за речиси две недели, веќе сите го научивме најновиот хит на Николоски, а доказ за тоа се видеата од ноќните клубови, кои постојано кружат на социјалните мрежи. Во прилог погледнете како сите во еден глас ја пеат песната на Филип, и како се прави вистински музички спектакл со песните и гласот на овој талентиран прилепчанец: