Новак Ѓоковиќ конечно ја доби големата битка
Новак Ѓоковиќ конечно ја доби големата битка за укинувањето на визита и веднаш е ослободен од имиграцискиот притвор. Судијата Кели нареди Ѓоковиќ од имиграцискиот притвор да биде ослободен во рок од 30 минути од наредбата. Имено, судијата Ентони Кели наредил веднаш да биде укината одлуката на Владата за откажување на визата на Ѓоковиќ, при што истиот овој судија одлуката на Владата ја дефинирал како „ неразумна“. Исто така, на австралиската влада и е наложено да ги плати сите трошоци на Ѓоковиќ.