|

ЗА ТОШЕ: Веселите Ѕвончиња со фестивалски концерт во “Спомен куќата на Тоше Проески” во Крушево

Сподели го ова:


























После спектакуларните настапи во Прилеп, Битола и Охрид, прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивалот каде што настапуваат деца од повеќе градови од нашата земја, вчера одржа спектакуларен детски концерт во Спомен куќата на Тоше Проески.

Врз основа на тоа, специјално во Крушево допатуваа голем број на родители заедно со своите деца од повеќе градови од нашата земја, каде што сите заедно уживаа во детските музички хитови од последното-најново фестивалско издание.

Вчера вечерта, се пееше за летото, омилениот детски сладолед, другарството, за првата детска љубов и уште на многу други омилени детски теми зад кои како автор на текстот и музиката се потпишува Уметничкиот Директор на фестивалот- Гоце Илиеска Балада, кој што на почетокот на фестивалот ги поздрави присутните, при што истакна: Ни претставува чест и задоволство што токму вечерва, Веселите Ѕвончиња настапуваат во Спомен куќата на Тоше Проески. Вечерва, овие наши и Ваши Веселите Ѕвончиња ќе пеат во чест на Тоше-најголемиот македонски музички војвода-истакна Гоце Балада.

Дека вчера постоеше огромен интерес за овој најактуелен детски музички фестивал, претставуваа големиот број на паркирани автомобили покрај Спомен куќата на Тоше Проески од Скопје, Неготино, Радовиш, Охрид, Крушево, Прилеп, Тетово и Ресен, кои специјално допатуваа во Крушево за да уживаат со своите деца во детските музички хитови на Веселите Ѕвончиња.

На крајот на фестивалот, Гоце Балада во името на “Балада Арт Продукција”-Прилеп, на м-р Драган Јанкоски од Крушево му додели ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ за огромен придонес во развојот на фестивалот “Весели Ѕвончиња by JANA” за сите овие четири изминати години, при што Јанкоски се заблагодари за наградата а воедно истакна посебна благодарност и до Директорката на Спомен куќата на Тоше Проески- Лефкија Гажоска за отстапениот простор и срдечниот пречек.

Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец мај 2023 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!




Сподели го ова:

Слични објави