| |

ЧЕСТИТКИ: Младите прилепчанчиња од “Dance studio-New generation” од Скопје се вратија со голем број на освоени први и втори места

Сподели го ова:


























Вчера во Скопје се одржа интернационалниот натпревар -STAGE SKОPJE 2022, каде што “Dance studio-New generation” зеде учество во повеке категори. Имено, нашите прилепчани направија вистински бум со нивните три формаци, при што ги освоија првите места, а со тоа овие прилепчани како група ја оправдаа претходно доделената трето-ноемвриската награда. На овој натпревар во Скопје, претставниците од “Dance studio-New generation” ги освоија следните награди:

-Прво место во стрит денс 6-8 год кореограф  Оливер Богојевски -KIDS DANCERS

-Прво место Place – непобедените досега Happy Girls го освоја

-Прво место во ХИП ХОП деца кореографија на Андреа Мицеска

-Прво место на кореграфија на Ивана Богојевска D.S.N.G. во Стри Денс Јуниори

-Прво место во соло изведба на Андреа Мицеска во ХИП ХОП во голема конкуренција го освои

-Второ место на Дора Алексоска во стрит денс деца

-Второ место Христина Силјаноска во стрит денс јуниори

Колку за потсетување, STAGE SKOPJE е врвен натпревар каде доаѓаат танц групи од Европа, и секоја година се одржува во НОБ во Скопје.




Сподели го ова:

Слични објави