|

Одлична детска музичка програма денеска на “Prilep Beer Weekend”

Сподели го ова:


























Денеска финалната вечер од “Prilep Beer Weekend” ќе понуди вистинска музичка забава за сите посетители. Вечерва на фестивалската сцена ќе настапат Аца Лукас, ДНК, Бојана Скендеровски, Наум Петрески…

Меѓутоа за најмладите, следува одличен музички спектакл со детските музички ѕвезди од најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, каде учествиваат деца од повеќе градови од Македонија, меѓутоа најмногу како и секоја година има од Прилеп. Овој фестивал ќе ги задоволи музичките вкусови како од најмладите, така и од сите тинејџери, бидејќи фестивалот на големата сцена во Прилеп денеска од 18 часот ќе настапи со детскиот и тинејџерскиот музички блок на фестивалот.

Колку за потсетување, оваа година на најновото фестивалско издание кое се случи во април во Прилеп, имаше преголем интерес, па врз основа на тоа, организаторот на фестивалот за да ги задоволи сите барања од публиката, организира три фестивалски концерти во Марко Цепенков кои беа исполнети до последното место! Исто така, овој наш прилепски фестивал, кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД, ова лето свој целовечерен настап имаше и во центарот на Охрид, каде голем број на домашни и странски туристи уживаа во хитовите од Веселите Ѕвончиња.

Денеска со почеток од 18 часот финалната вечер од”Prilep Beer Weekend” ќе ја отворат прилепските Весели Ѕвончиња, а манифестацијата ќе ја затвори Аца Лукас кој ќе настапи последен на оваа трета – финална вечер од “Prilep Beer Weekend”.




Сподели го ова:

Слични објави