ВИДЕО: Вчера објави дека е бремена, а денес објави нова песна и спот!
Навистина е непредвидлива Антониа Гиговска, посебно кога се работи за љубовта, изборот кон партнерите и новите песни. Како што информиравме вчера, пејачката Антониа Гиговска го прослави својот 22 роденден, а токму баш вчера на нејзиниот роденден, на својот инста профил ги шокираше нејзините обожаватели и македонската јавност, со нејзината објава дека наскоро ќе се оствари во улогата на мајка, споделувајќи фотографија од ултразвукот, а исто така го откри и таткото на бебето – Роберт Спасенцовски кој воедно е музичарот од нејзиниот бенд, и другарот на нејзиниот претходен дечко со кого раскина пред само неколку месеци.
Денеска, оваа млада пејачка објави нова песна и спот. Станува збор за дует песна со талентираниот Пајак, а песната носи наслов „Хабиби“. Текстот и музиката за песната се дело на Пајак, а аранжманот го направи Иван Јованов – Iwayo.
Како овој проект излезе целосно спакуван, погледнете во прилог: