ВИДЕО: Оваа година прилепчанката Јована по трет пат ќе пее на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”

Прилепчанката Јована Димитриоска по трет пат ќе пее на четвртото фестивалско издание на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Станува збор за нај-актуелниот детски музички фестивал во нашата земја кој што публиката го прогласи за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД”. Имено, Јована задоволна од претходните години, по трет пат ќе настапи со ново компонирана песна од Гоце Балада на најновото фестивалско издание на “Весели Ѕвончиња by JANA”. Имено, Јована е мошне добро позната на детската музичка сцена. Неа помладата публика за препознава по нејзините два детски хита кои што Јована ги испее претходните години на овој детски музички фестивал,а тоа се песните: “Разгалена” и “Тротинет”. Имено, Јована по трет пат му ја довери довербата на Гоце Балада да и направи екстра песна за следното издание на “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022, а аранжманот и оваа година ќе биде дело на Рубин Димкоски. Со други зборови, оваа детска музичка ѕвезда ќе ја гледаме и на најновото фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се одржи во Мај 2022 година во Прилеп во НУЦК МАрко Цепенков. Песната која што ќе ја отпее Јована е во екстра модерен стил, песна која што со сигурност ќе ги освои срцата на присутната публика.Јована оваа година ќе настапи во детскиот музички блок на “Весели Ѕвончиња by JANA” каде што настапуваат деца до шессто одделение, а веднаш после детскиот музички блок следува тинејџерскиот музички блок на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” каде што настапуваат тинејџерите односно учесници до 9-то одделение.Минатата година, Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” во Прилеп на своето трето фестивалско издание беше прогласен за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД, а на овој фестивалски ден публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!! Во продолжение, Ве поздравуваме со песната “Тротинет” од Јована Димитриоска која самата таа ја отпеа пред две години на нај-актуелниот детски музички фестивал во нашата земја “Весели Ѕвончиња by JANA” кој што публиката го прогласи за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД”.