|

Петар Грашо само што се ожени, и веднаш доаѓа во Скопје

Сподели го ова:


























Петар Грашо кој што важи за една од најпопуларните музички ѕвезди на овие простори ќе одржи голем солистички концерт во Скопје на 18мај во „Арена Борис Трајковски“, каде што македонската публика ќе може да ужива во неговите најголеми хитови: „Ko nam brani“, „Utorak“, „Ako te pitaju“, „Neće nas zauvik bit“, „Jel’ ti reka ‘ko“, „Voli me“, „Volim i postojim“, „Trebam nekoga“ како и многу други. Организатори на овој музички настан се „Прагма продукција“ од каде што најавуваат голем музички спекткал. Иако јавноста мислеше дека Петар Грашо ќе оддели барем неколку месеци за да и се посвети на својата официјална сопруга и на штотуку “новопечениот брак”, сепак не е така, при што официјално Грашо ќе продолжи со неговите настапи, и самиот тој ќе го гледаме на 18 март во Скопје. Дали во Скопје ќе дојде со неговата сопруга Хана??-останува да видиме.

Свадбената церемонија на Грашо и младата Хана за која уште зборува целиот балкан се случи во саботата каде што новиот брачен пар-Хана Хуљиќ и Петар Грашо се венчаа во Сплит во црквата Св. Доминика каде  што самите тие го кажаа она нивно судбоносно „да“. Во црквата Св. Доминика присутни беа и родителите на младенците, односно родителие на Грашо и родителите на младата невеста- Вјекослав и Тончи Хуљиќ. Младиот брачен пар беше венчан од страна на нивниот омилен сплитски свештеник, отец Јозо Чирко. За свадбата младата Хана имаше избрано венчаница од модниот бренд Arileo која што беше едноставна и воздушеста, без никаков штрас или пак тантела во духот на личноста која што ја има Хана. Младиот брачен бар блескаше од среќа, а Данијела Мартиновиќ која што 24 години беше во врска со Петар Грашо, саботата исто така беше на свадба, меѓутоа не на свадбата од Грашо и Хана, туку на сосема друга свадба каде што имаше свој настап. Животот е чуден? Нели??




Сподели го ова:

Слични објави