Спектакуларна забава со огномет по повод 20 годишно постоење на Fast Food – Snickers Grizo”

Сподели го ова:


















Најдобриот Fast Food во Прилеп- “Fast Food – Snickers Grizo”, овој викенд во саботата, приреди спектакуларна забава по повод своето 20 годишно постоење, бидејќи прилепчани цели 20 години секојдневно уживаат во вкусна брза храна која што ја подготвува тимот на “Fast Food – Snickers Grizo”. Искрено, за да 20 години се опстои на еден пазар, потребно е да се понуди вистински квалитет и вистински подготвена брза храна, а дека може успешно да се опстои, доказ е и “Fast Food – Snickers Grizo”. Оваа успешна приказна започнува пред 20 години. Станува збор за успешна приказна која долги години ја гради сопственикот Филип Грижоски. Имено Грижоски, вчера приреди спектакуларна забава со огномет, коктел и жива музика по повод 20 годишното постоење на “Fast Food – Snickers Grizo”. На прославата во саботата учествуваа голем број на гости кои беа од различни свери, од средношколци, доктори, професори, наставници, па се до пензионери. За добрата музика Грижоски ангажираше добар музички бенд кој што ги забавуваше сите присутни, а исто така прославата беше заокружена со голем огномет и свечено сечење на тортата. Имено, 20 годишно постоење на “Fast Food – Snickers Grizo” пред се, е резултат на нивниот квалитет и кулинарско мајсторство во брзата храна, па како резултат на тоа денес “Fast Food – Snickers Grizo” претставува вистински бренд за брза храна во Општина Прилеп. Секоја чест за “Fast Food – Snickers Grizo”. Информативниот портал на STANICA.MK им посакува успешно работење и во следните 20 години, бидејќи “Fast Food – Snickers Grizo” е вистински жив доказ дека доколку на пазарот се понуди вистински квалитет, кај потрошувачите може да се создаде бренд кој што ќе трае години и години. Во прилог погледнете ја галеријата на фотографии од спектакуларна прослава, фотографии кои што ни ги испрати лично сопственикот на “Fast Food – Snickers Grizo” -Филип Грижоски. А вие и понатаму како и до сега, и во наредните 20 години сигурни сме дека и во следните 20 години секојдневно ќе се храните од најдобриот “Fast Food – Snickers Grizo” , и ќе ги правите Вашите порачки на 071 399 696



Сподели го ова:

Слични објави