Цената на нафтата руши рекорди-ОД МАРТ МОЖЕН Е ГОЛЕМ ЦЕНОВЕН ШОК

Сподели го ова:


























Иако веќе приближно 9 недели цената на горивата во нашата земја постојано расте, како резултат на последниве светски случувања, веќе од почетокот на март голема е веројатноста да има уште поголемо покачување на цената на горивото. Колку за потсетување, моментално македонските граѓани плаќаат рекордно висока цена, при што литар бензин моментално изнесува 84 денари за 98 октанскиот и 82 денари за 95 октанското гориво. Дизелот во моментов изнесува 74 денари за еден литар. На светско ниво цената на суровата нафта и натаму останува висока, како резултат на ескалацијата на тензиите помеѓу Украина и Русија.

Benzin Pictures | Download Free Images on Unsplash

Вчера нафтата на берзата во Лондон се продаваше по цена од над 99 долари. Според очекувањата, македонците најверојатно од почетокот на март ќе плаќаат исклучително високи цени на горивата, бидејќи евентуалната ескалација на тензиите меѓу Русија и Украина дополнително може да ја зголеми побарувачката на нафта, а со самото тоа дополнително ќе се зголеми нејзината цена на берзите. Што значи ова за нашите граѓани?? Освен покачување на цената на горивото, ќе значи и ново големо покачување и дополнителен раст на малопродажните цени.




Сподели го ова:

Слични објави