Студиото на “FAN Production by Зоран Пилоски” е направено како филмски новогодишен град создаден за уникатни новогодишни фотосесии

Сподели го ова:
















Иако овие речиси две години откако настапи короната, видео продукциите се соочија со речиси привидно привремено запирање на работниот процес заради настанатата ситуација, сепак ваквата констатација не важи за “Fan Production by Зоран Пилоски”. Имено, неговата “Fan Production” како една од најдобрите видео продукции во цела наша земја-а и пошироко, последниве периоди освен што беше ангажирана за фамилијарните средби и веселби, исто така беше ангажирана и за голем број на ТВ проекти како што беа: ТВ музички формат “Време е за балада со Гоце Балада”, изработката на голем број на музички видео записи за голем број на естрадни уметници, а она што моментално е актуелно кај нив-последниот временски период, е снимањето на “Манџа”-кулинарското шоу кое се емитува на Канал 5 ТВ, шоу кое ги освои симпатиите на тв гледачите од целата наша земја. По повод годишните и божикните празници, “Fan Production by Зоран Пилоски”, започна со сликање на новогодишните сесии, во неговото студио кое е претворено во вистински филмски новогодишен град, филмски град кој што специјално се прави за снимање на божикните филмови. Студиото е креирано од страна на посебна-веќе докажана стилска личност-Бети, која до сега има креирано повеќе вакви новогодишни сцени, а моментално ова што е направено како филмска новогодишна сцена во “Fan Production by Зоран Пиловски”, можеме да кажеме дека е ВРВ кога станува за филмска уметност и филмска новогодишна сцена. Сликањето на новогодишните фотосесии е лично во неговото студио кое се наоѓа во бизнис центарот, студио кое што е опремено со вистински-реални сцени од новогодишен американски филм, а исто така во ова прилагодено новогодишно студио има и камин, зад кој има поставено видео бим на кој е прикажан движечки оган кој што постојано симболично гори, а крцкањето на дрвјата од каминот ја даваат онаа новогодишна топлина и не потсеќаат на времето од типичните новогодишни честитки. За да направите униктна филмска новогодишна и божикна фотосесија во вистинска новогодишна атмосвера во привидно направен адаптиран новогодишен филмски град во студиото на Зоран Пилата, а воедно сликајќи се, да ја почуствувате новогодишната и божикната магија, слободно повелете во студиото на “Fan Production by Зоран Пилоски”, меѓутоа заради големиот интерес ќе мора на време да закажите на телефонскиот број 070-371-977 . Во оваа адаптирано новогодишно студио преку поставената новогодишна сцена за сликање се доловува една вистинска новогодишна идила која го дава оној вистински спокој, кој потсеќа на мирисот на снегот и топлиот зимски оган зад кој што се крие топлината на новогодишниот дом. И за на крај ќе Ве поздравиме со познатата изрека од Цацко од К-15 која преку видео порака ја кажа за “Fan Production by Зоран Пилоски” а тоа е дека: “Сите слободно одете во “Fan Production кај Зоран Пилата”, бидејќи Зоран Пилата најубаво ќе ве пресече”….Во прилог преку слики погледнете за каква фотосесија и за каков магичен филмски град станува збор!!!







Сподели го ова:

Слични објави