|

(фото) Сѐ повеќе разводи во градот под Марковите Кули ?!

Сподели го ова:


























Последниве години, има сѐ повеќе разводи во градот под Марковите Кули – барем тоа го потврдуваат и постојаните објави од наши прилепски сограѓанки, кои на социјалните мрежи бараат совет од граѓаните во однос на тоа кој е најдобар адвокат за развод, која е постапката за развод, колку самата постапка трае и слично. Некои велат дека ова денешно т.н. модерно време си го направи своето, меѓутоа искрено, сето тоа зависи од умешноста на брачните партнери колку самите се способни да си го искреираат бракот, бидејќи среќниот брак не е случајност или пак судбина!

Среќниот брак е предизвик!

Бракот е театарска сцена каде што секој партнер ја игра сопствената улога и секогаш токму тие – брачните партнери, се тие од кои зависи колку бракот ќе вреди и ќе трае.

И на крај – она најважното – од секој разведен брак страдаат сите во семејството – а посебно децата! Па, затоа пред да помислите на себе си, прво помислете на децата, па потоа размислете каква одлука би донеле во однос на развод.




Сподели го ова:

Слични објави