ТИМОТ ШТО ПОБЕДУВА – НЕ СЕ МЕНУВА: Турнир во мал фудбал во организација на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
Денес по повод големиот празник 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна организација, се одржа турнир во мал фудбал во организација на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на кој учество зедоа четири тимови формирани од општинскиот комитет, претседатели на месни комитети, комисија за спорт и Унијата на млади сили.
“Веруваме дека овој настан во иднина ќе стане традиција со уште поголеми натпреварувања со учество на повеќе екипи. Пехарот на крај им припадна на најмладите, УМС, кои со својата енергија, потврдија дека се движечка сила. Нека е честит и вековит денешниот празник!” – истакнуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп.