|

Од оваа есен и ТВ серија за Тома Здравковиќ

Сподели го ова:
















Биографскиот филм за Тома Здравковиќ, каде што актерот Милан Мариќ ја игра главната улога оствари голем успех во целиот регион. Искрено, филмот без разлика дали сте фан на музиката на Здравковиќ претставува вистинско ремек дело кое е во режија на Лисинац и Драган Бјелогрлиќ, Филмот „Тома“ го прикажува Здравковиќ од неговите почетоци, па се до врвот на славатата. Меѓутоа она што е моментално ново е тоа што ќе се снима и серија за Тома Здравковиќ. Зоран Лисинац кој што е еден од режисерите и сценаристите на овој филм, изјавува дека ќе се снима и серија за Тома која што ќе биде поразлична од самиот филм и ќе започне да се прикажува од оваа есен. Имено еве што Зоран Лисинац изјави пред српските медиуми: “Серијата има осум епизоди, и потемелно го следи неговиот живот и ги опфаќа сите негови жени… Во серијата ќе има 400 минути материја”, нагласува Лисинац за српските медиуми”. Дали оваа серија ќе ја достигне гледаноста на филмот Тома”, или пак ќе ја надмине-останува да видиме.







Сподели го ова:

Слични објави