Учениците од прилепската Гимназија, изработија дела со вистински уметнички квалитети
Инспирани од делата на неколку македонски ликовни уметници кои твореле во периодот меѓу двете светски војни, во Втората светска војна и по неа, како Лазар Личеноски, Вангел Коџоман и Борко Лазески, учениците од прилепската Гимназија, изработија дела со вистински уметнички квалитети. На платната провејува роднокрајниот мотив, почетоците на писменоста во нашиот град Прилеп, образованието како значаен момент во животот на гимназијалецот и студент Мирче Ацев, животот пред и после НОБ, па се до денешениот современ живот во нашиот град.
Од делата беше организирана изложба во театарот Војдан Чернодрински, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на училиштето.
Станува збор за следниве прекрасните дела на прилепските гимназијалци:
- „Отоманско ропство“ – изработено од учениците Елена Димоска и Александар Јорданоски,
- „Гајдата во фолклорот“ – изработено од учениците Марио Лауцоски Вергоски и Давид Илиоски,
- „Прилепска чаршија во 1870“ – изработено од учениците Илијана Иваноска и Викторија Трајаноска,
- „Трите гимназии“ – изработено од ученичката Матеа Стојаноска,
- „Студентски денови на Мирче Ацев“ – изработено од учениците Александар Милошески и Дијана Христоска,
- „Крик на слободата“ – изработено од учениците Вера Спиркоска, Ева Парапански и Ива Парапански,
- „Почеток на писменоста“ – изработено од учениците Ангела Петреска и Ана Ѓорѓиоска,
- „Прилеп денес“ – изработено од ученичката Натали Стојкоска,
- „Јас сум гимназијалец“ – изработено од учениците Ана Цветаноска и Тамара Ристеска.
