|

ДОАЃААТ ВО БИТОЛА: Тино и Атанас во четвртокот на најновата “Златна Бубамара” направија вистински спектакл, а со екстра стендап комедија на 23 март ќе настапат во Битола

Сподели го ова:



















Со новиот ексклузивен стендап, најпопуларното стендап дуо Тино и Атанас доаѓаат во Битола. Станува збор за нивната најнова стендап комедија со која постојано ги полнат салите низ Македонија – и тоа по неколку пати! Овој настап во Битола ќе се случи на 23 Март (четврток) со почеток од 20 часот.





Цена на билет: 250 денари, а картите заради големиот интерес веќе се пуштени во продажба на билетарата во Центарот за култура во Битола, и се продаваат по принципот “прв дојден – прв услужен”. Побрзајте, набавете си билет и уживајте во овој стендап спектакл!!!

Тино и Атанас Ве очекуваат! Со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмеат до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи нивните настапи. 

По барање на битолската публика, веќе е закажан овој голем стендап спектакл во големата сала на Ценраот за култура во Битола, сала која што ќе биде претесна за да ги собери сите заинтересирани битолчани, бидејќи еве како што не информираат од продукцијата, постојано се бара карта повеќе за настапот на популарните Тино и Атанас во Битола. Сликите за оваа објава се превземени од Facebook страната од Златна Бубамара.

Се гледаме на стендап! Ама на вистински стендап, со најпопуларните Тино и Атанас !!!



Сподели го ова:

Слични објави