Колку заработува Викторија Лоба??
Во последно време може да се забележи како Викторија Лоба на социјалните мрежи рекламира голем број на производи и компании. Речиси постојано, оваа атрактивна пејачка преку слики и фото сесии, рекламира голем број на производи на Facebook. И не е ни чудо, на нејзините слики каде што рекламира вакви производи има голем број на лајкови, а сето ова е предност за самите компании кои што и ја довериле можноста на Лоба да ги рекламира нивните производи.
Меѓутоа се поставува прашањето колкава е цената која што ја наплаќа Лоба за ваквите реклами, и дали повеќе во нашата земја естрадните уметници можат да заработат од пеење или пак од рекламирање на производи на социјалните мрежи?
Како и да е, ако сите естрадни личности го следат примерот на атрактивната Лоба, тогаш во таков случај неизбежна е голема заработка, а колку голема е заработката од рекламирањето на производи на социјалните мрежи, може да ни одговори само Викторија, која врз основа на она што го гледаме на фотографиите, може да се заклучи дека пејачката мошне добро се вклопила во овој бизнис.