ОВА СЕ ЛИЦАТА КОИ ПРЕКУ СВОЈОТ ТАЛЕНТ ГИ РАЗУБАВУВААТ СИТЕ ПРИЛЕПЧАНКИ И ПРИЛЕПЧАНИ: Прилепските стилисти, фризери, бербери и козметичари го одбележаа нивниот празник
Берберите и фризерите од Прилеп го чествуваа денешниот ден. Секоја година, вториот ден на Духовден е патрониот празник на прилепските стилисти, фризери, бербери и козметичари. Имено, денеска прилепските фризери и бербери го одбележаа празникот со света божествена литургија во Стара црква во Прилеп, а веднаш потоа, сите заедно заминаа на организирана забава и на заедничка дружба.
Битно е да се нагласи дека оваа манифестација традиционално се оддржува секоја година.
Прилепските фризери и бербери ја посетија и Могилата на непобедените, каде положија свежо цвеќе, бидејќи токму од загинатитие борци, тие имаат двајца првоборци – партизани, кои се од нивниот еснав.