ДАМА СО СТИЛ: Виолета Чакарова – докажаната прилепска актерка која има одиграно над 70 главни и епизодни улоги на прилепската театарска сцена
Виолета Чакарова е докажана прилепска актерка, која има одиграно голем број на улоги во прилепскиот театар Војдан Чернодрински. Врз основа на информациите од официјалната интернет страна на НУЦК Марко Цепенков – Прилеп, Чакарова пред своето вработување во театарот како професионална актерка во 1984 година, работи две како актер-аматер во истиот ансамбл. До денес има одиграно преку 70 главни и епизодни на матичната сцена. Уште на почетокот на нејзината кариера и е доверена главната улога на Коштана во истоимената пиеса во режија на Петре Прличко со која се пробива на домашната театарска сцена во 1982 година.
Во 1990 на МТФ Војдан Чернодрински ја добива наградата за млада актерка за своето остварување во претставата “Големиот брилијантен валцер” во режија на Стојан Стојаноски. Од својата театрофрафија ги издвојува своите соработки во сите претстави на матичната сцена во режија на Мартин Кочовски и Коле Ангеловски, како и улогите во “Буре Барут” во режија на Наташа Поплавска, Бисера во “Духот на слободата”, Кате во “Разбуди се Кате”р. Благоја Дамески “Маките на Живоин” р.Ацо Алексов итн.