VII. ХУМАНИТАРЕН МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, ДЕМИР ХИСАР, 2022 ГОДИНА
Денес, во просториите на општината, беше извлечена ждрепката за VII. хуманитарен меѓуинституционален турнир во мал фудбал, 2022 год., под покровителство на градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски.На овогодишниот турнир пријавени се 10 (десет) екипи. Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Јордан Пиперката“, Демир Хисар. Традиционално, партиципација за секоја пријавена екипа изнесува 4 000 ден. Средствата и оваа година ќе бидат наменети во хуманитарни цели, а во пресрет на Велигденските празници. Турнирот започнува на 1. април (петок), со почеток во 17:00 часот – официјално отворање. (распоредот за натпреварите ќе биде дополнително објавен)