|

ПОВТОРНО УСПЕСИ: Прилепскиот џудо клуб “Сеишин”, се враќа од Грција со девет освоени медали

Сподели го ова:


























Денеска се одржа Меѓународен турнир во џудо во Аминдео -соседна Грција, на кој што учество зедоа приближно околу 300 натпреварувачи од повеќе клубови од Македонија, Турција, Грција, Бугарија, Србија, Албанија, Молдавија, Израел, Грузија, Ерменија, Украина, Кипар, како и други држави.

Прилепскиот џудо клубот “Сеишин” на овој турнир настапи со својата најмалата категорија на такмичари. Станува збор за деца родени од 2012 – 2017.

На овој натпревар од осум натпреварувачи, беа освоени девет медали од кои: 1 прво место, 3 втори места, 5 трети места:

 Владан Стрезовски -36кг Прво место,

Христијан Бунески -30кг Второ место,

Владан Стрезовски -34кг Второ место,

Бисера Јовеска -33кг Второ место,

Матеја Николоска -27кг Трето место,

Бисера Цветкоска -30кг Трето место,

Мила Здравеска -45кг Трето место

Тамара Стојковска -45кг Трето место,

Александар Игнески -24кг Трето место




Сподели го ова:

Слични објави