“Охрид трчаТ” – Во Охрид трчаа рекордни 2200 учесници од 31 земја
На осмото издание од “Охрид трчаТ” – во Охрид учествуваат 2200 учесници од 31 земја, а токму во Охрид присутна беше и Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.
“Честитки до сите учесници на осмото издание на Охрид трчаТ особено до Милјана Ристиќ од Македонија во женска и Дарио Ивановски од Македонија во машка конкуренција, првопласирани на главната трка на 21 километар, како и Мирослав Спасов од Бугарија на трката на 5 километри. Потенцијалот и посветеноста на годинашните натпреварувачи на „Охрид трчаТ“, ме уверуваат во нивните идни значајни маратонски подвизи. Благодарност и до организаторите за успешно реализираниот атлетски викенд, со рекордни 2200 учесници од 31 земја” – истакна Силјановска Давкова.