|

ВАКА СЕ НАВИВА ЗА МАКЕДОНИЈА: ЗГРАДАТА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП Е УКРАСЕНА СО МАКЕДОНСКИ ЗНАМЕНЦА ВО ЧЕСТ НА ДЕНЕШНИОТ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР

Сподели го ова:


























Нема опис за фотографијата.

Да, токму вака се сака и се навива за фудбаската репрезентација на Македонија. Во чест на денешниот клучен натпревар, зградата на Општина Прилеп е украсена со македонски знаменца кои ја симболизираат поддршката за нашите фудбалери од страна на сите прилепчани. Добро е што барем кога станува за спорт, македонскот народ се сплотува во едно. Во текот на вчерашниот ден, Градоначалникот Јовчески ги повикува прилепчани со следнава порака: “Знамињата и шаловите во раце, да ги поддржиме нашите херои и да навиваме за Македонија! Плоштад ,,Александрија’’ – Камена Бина-29.3.2022 во 20:30 часот”. Колку за потсетување, денес ќе се одигра клучниот меч на македонската фудбалска репрезентација против Португалија. Пред некој ден, Македонија оствари историска победа против Италија, актуелниот првак на Европа, во третото меѓусебно соочување откако славеше со 1:0 во Палермо во полуфиналето од баражот за пласман во Катар. Италија доминираше, но не ги искористи своите шанси, а тоа го казни Александар Трајковски во 92 минута. Во финалето од баражот за СП, денес Македонија ќе игра со Португалија во Порто, откако португалците славеја против Турција со 3:1.

Нема опис за фотографијата.



Сподели го ова:

Слични објави