|

Вчера вечерта успешно заврши турнирот во мал фудбал ,,Св. Никола 2022-Прилеп”

Сподели го ова:


























Вчера вечерта успешно заврши турнирот во мал фудбал ,,Св. Никола 2022-Прилеп”. Честитки за сите екипи и за сите учесници. Победник на овој турнир е екипата на Гостилница ,,Кај Џек” која што во финалето беше за нијанса поефикасна од екипата на Скара на кило ,,Кај Кусио”!

Заедно со претседателот на Советот, Дејан Проданоски и со фудбалските легенди од нашиот град со задоволство ги доделивме наградите за најдобрите. Во фер плеј атмосфера поминаа сите 15 дена од турнирот и во оваа прилика сакам да упатам благодарност за сите помагатели, и учесници како и за беспрекорната реализација на организаторите на турнирот во соработка со Општина Прилеп. Локалната самоуправа на Општина Прилеп ќе продолжи да го поддржува овој турнир кој што секоја година носи радост за прилепските љубители на фудбалот во периодот околу празникот ,,Св. Никола”! Се надеваме догодина дека ќе имаме можност да се вратиме на традиционалното место за одржување на турнирот, во Универзалната сала во Прилеп. Навистина беше задоволство за сите да се следат натпреварите и да се бодрат сите натпреварувачи и екипи. Се гледаме догодина уште побројни и поуспешни!” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави