Вчера се одржа последното 15-то коло од регуларниот дел на пинг-понг “Бизнис лигата-Прилепска пиварница”

Сподели го ова:


Вчера се одржа последното 15-то коло од регуларниот дел на пинг-понг “Бизнис лигата-Прилепска пиварница”. Станува збор за интересни, возбудливи спортски натпревари кои што завршија со следниве резултати:

-Нотар Маркоски-Халк Осигурување 3-4

-Витаминка-ИВ Конект 4-2

-Синдикат на Тут-Ком -ИВ Конект 4-2 (заостанат натпревар)

Големо изненадување направи екипата на Халк Осигурување совладувајќи ја една од екипите претенденти за прво место “Нотар Маркоски”. Златко Иваноски-Цефи играчот кој донесе два поени е најзаслужен за победата кој што во последниот натпревар во игра на двојки, покажа дека во “Б” лигата е еден од најборбените и најдобри играчи. Свој придонес даде и М.Христоски со една добиена партија. Со оваа победа Х.О. буквално ја доведе до крај неизвесна трката за плеј оффот. Клучен натпревар ќе биди заостанатиот натпревар помеѓу Синд.на АД Мепсо и Матадор, две екипи со идентични шанси како Халк.Осигурување.З аостанатите натпревари во следните неколку дена ќе ја дадат конечната табела од првото издание на Б.Л,и четирите најдобри во регуларниот дел. Време е за пинг-понг, и за спортско уживање!





Сподели го ова:

Слични објави