|

“Распеаното Весело ѕвонче” Ве кани лично да се сликате и дружите со него, и да ги слушнете премиерно најновите музички хитови од најновото четврто фестивалско издание “Весели Ѕвончиња-by JANA”-Прилеп 2022

Сподели го ова:























По четврт пат во Прилеп-Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022. Во сабота на 07.05.2022 година со почеток во 11:00 и 19:00 часот, НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп ќе биде местото каде што по четврт пат ќе се се одржи фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”. Маскотата на Распеаното Весело ѕвонче Ве кани да се сликате и дружите со него, и да ги слушнете премиерно најновите музички хитови од најновото четврто фестивалско издание “Весели Ѕвончиња-by JANA”-Прилеп 2022. Оваа година, Генерален Покровител на фестивалот е Општина Прилеп. Како и претходните години, така и оваа, фестивалот ќе понуди 16 ново-компонирани детски музички песни кои што ќе ги испеат деца од 4 до 14 години од неколку градови од Македонија, меѓутоа најголемиот број – како и секоја година ни доаѓаат од Прилеп. Влезниците за овој нај-актуелен детски музички фестивал ќе се пуштат во продажба уште од денеска (Сабота, 16.04.2022 од 13 часот), при што истите ќе може да си ги набавите од денеска во: Игротека “Моја Бајка” (кај Димо наредникот-во близина на Матадор), “Игротека Jim Jam”-во Точила, како и во “Игротека Disney-Дизни”-зграда Табана. Цената на влезниците е 150 денари, и истите се пуштени во ограничен број! Четврта година по редВе каниме сите Вас… Бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и дојдете заедно да се дружиме, сликаме и пееме со распеаното Весело ѕвонче на најновото четврто фестивалско издание на Детскио музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп, 2022

Оваа година на сцената во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, публиката ќе има можност да слушне голем број на НОВО-КОМПОНИРАНИ ДЕТСКИ ПЕСНИ, кои ќе бидат изведени во детскиот и во тинејџерскиот блок на фестивалот, фестивал кој од минатата година од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”.Градот Прилеп е особено горд, зашто има детски музички фестивал кој што претставува МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД, бренд кој што е прогласен од страна на публиката како резултат на квалитетот на неговите песни. Како што знаете, станува збор за нај-актуелниот детски музички фестивал каде што пеат деца од цела наша земја. До сега на фестивалот имаат настапувано деца од повеќе градови како што се од Прилеп, Скопје, Радовиш, Крушево….. Секоја година, овој фестивал создава нови детски и тинејџерски хитови, кои постојано се пуштаат во поединиечните музички детски блокови секое утро на телевизиите во нашата земја.



Сподели го ова:

Слични објави