Лука Огненоски и Трајче Маркоски кои се дел од ППК “Младост 96” – Прилеп се вратија од Србија со повеќе освоени медали
Младинецот Лука Огненоски и кадетот Трајче Маркоски – играчи на ППК “Младост 96”, изминатата недела беа на седумдневен камп во Власина Србија, и истите работеа на усовршување на техниките, како и на кондициони подготовки со мошне квалитетни тренери од Србија, Бугарија и Македонија. Начинот како ги одработија подготовките, резултираше со три освоени медали на завршницата на кампот,на два одделни турнири во Србија.
Претпоследниот ден од кампот во Власина каде учествуваа повеќе од 100 деца од 9 земји, Лука Огненоски го освои третото место во категорија младинци. Во групата со три победи, се квалификува во елиминациите, како прв од група, и во 1/8 и 1/4 финале извојува дури две победи, каде потоа беше запрен во полуфинале од играч од Бугарија со 3-0. Трајче Маркоски во категорија млади кадети се пласира во 1/4 финале.
На меѓународниот турнир кој се одржа наредниот ден во Сурдулица каде имаше голема конкуренција, повторно имаше одлична игра на двајцата пингпонгари, и освоени две нови награди, при што Лука Огненоски повторно освои бронзен медал – исто како и Трајче Маркоски, каде победија доста квалитетни противници.
За наредната година, од ППК Младост 96, повторно се очекува да биди конкурентен за највисок пласман во сите категории на натпреварување.