|

ПОДЕГ ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ: Светиниколскиот турнир донираше 110.000 денари за четирите опожарени куќи во Прилеп, а исто така помогна и на голем број на прилепчани

Сподели го ова:



















Светиниколскиот турнир во мал фудбал не заврши со финалниот натпревар и доделените медали. После 15 одлично организирани натпреварувачки денови во сала кои донесоа голем број возбудливи натпревари, на ред дојде нашата хумана мисија, што ни претставува особена гордост.





“Во пресрет на празниците ги посетивме дечињата од посебните паралелки во ООУ “Климент Охридски” и ги израдувавме со новогодишни пакетчиња. Колетчиња имаше и за дечиња од социјално загрозени семејства, а доделени беа и 20 пакети со производи за семејства со самохрани родители, како и парични средства за нашата сограѓанка Весна Крстеска која боледува од тешка болест.

Хуманиот дел го продолживме и со донација за семејствата од четирите опожарени куќи од нашиот град, со што веруваме дека внесовме барем малку надеж и малку радост кај овие наши сограѓани во овие празнични денови. Вкупната вредност на донациите изнесува 110.000 денари.

Огромна благодарност до компанијата “Комфи Ангел”, која беше носител на овој турнир, благодарност до Локалната Самоуправа на општина Прилеп, до ООУ “Добре Јованоски”, како и до голем број на општествено одговорни компании кои што не’ поддржаа да создадеме успешна приказна.

Иако со скромен буџет и одличен награден фонд и покрај сите препреки што ги имавме како организатори, oсобено околу одбивањето на државните власти да ни ја отстапат Универзалната сала, која во минатото беше душата на овој турнир, на крајот сепак успеавме и докажавме дека доколку се влезе со чисто срце и упорност, успехот е секогаш неизбежен.

Со надеж дека наредниот турнир ќе го организираме каде што му е и местото, во Универзалната сала во Прилеп, спортски ве поздравуваме!” – е истакнато на официјалната Facebook страна на Турнирот „СВ. Никола 2022“ -Прилеп



Сподели го ова:

Слични објави