|

ПРИЛЕПЧАНИ ЖЕДНИ ЗА УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА: Еве што е следно после вчерашниот натпревар на ФК “Победа”

Сподели го ова:


























Вчера попладнето, како што се истакнува на официјалната Facebook страна на ФК Победа, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ пред повеќе од 3.000 гледачи,во натпревар од 11-тото коло на Првата лига Победа и Академија Пандев ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Во меч со скромен квалитет и малку возбудувања по се видено се чини дека поделбата на бодовите е реален исход. Црвено-белите, осоколени по победата во Кратово очекуваа таа победа да биде ревалоризирана сои уште еден-домашен триумф, а од друга страна струмичани пак со ремито во Прилеп ја прекинаа црната серија од 4 последователни порази.

Но значењето на мечот си го направи своето, а домаќините не одговорија адекватно на притисокот и императивот да се оствари уште еден домашен успех. А.Пандев од друга страна се чини беше поопасна, Велиновски и Марковски имаа изгледни шанси, додека Победа со единствениот удар во рамката на голот на Јованоски постигна израмнувачки, евро-гол преку младиот репрезентативец Рамани во 75-тата минута, откако претходно во 59-тата минута гостите поведоа со голот на Велиновски. До крајот, и покрај израмнувањето, црвено-белите не успеаа да создадат дополнителен притисок и створат акција за резултатски пресврт. Со многу често сецкање на играта и прекини ритамот беше нарушен, нешто што повеќе им одговараше на гостите па на крајот остана конечниот резултат 1-1. Победа: Тофилоски, Бошески, Ѓурковиќ, Стомнароски, Хани (од 65 минГалевски), Рамани, Паноски, Дадет (од 60 мин Петејчук), Мазари, Тодоров, Џејмс (од 65 мин Б. Спиркоски).

Имено, она што е следно е натпреварот во среда на 19 октомври од 14 часот каде што ФК Победа, во последниот натпревар од 1/8-финалето на Купот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе ја пречека Македонија Ѓ.Петров.




Сподели го ова:

Слични објави