Брутална исповед на еден просветен работник

Сподели го ова:
























Нашиот информативен портал “STANICA.MK” – како еден од “двата најчитани информативни портали од Пелагонискиот регион”, кој што само на нашата официјална Facebook страна има скоро 23.000 постојани следбеници – (во кои што не е вкалкулиран бројот на сите оние другите, кои секојдневно ги следат нашите информации 24/7), секогаш професионално, навремено и објективно ги прененесува најновите информации, случувања, како и сите дописи кои што стигнуваат до нас. Имено, денес до нашиот информативен тим пристигна еден текст од анонимно лице, текст кој што претставува една брутална исповед на еден просветен работник. Овој текст кој што пристигна до нашиот информативен тим Ви го пренесуваме целосно во прилог:

,Драга” Владо! Зошто од толку државни влади само ти си ненормална? Зошто толку многу вложувавме во твоето образование додека ти беше дете, а ти не си научила сосема ништо. Залудно сме ги трошеле и часовите и трудот за тебе. Проблем со вродениот капацитет? Да, тоа ќе да е. Грешка во чекор, погрешни персони на погрешно место. Е, сега Владо да ти кажам дека јас сум твојот наставник, оној малиот, нискиот што никогаш не пробал бифтек, кој ти го јадеш за џабе пари во твоето владино бифе – ,,канцеларија”. Е, затоа сум си мал бидејќи јадам виршли од 7 денари. Ги пржиме по дома, сакаш со јајца, сакаш со туршија. Драга Владо да ти кажам ако сакаш да знаеш по дома јадеме редовно и јуфки, најчесто ги вариме бидејќи на печење се труши повеќе струја. Владо, вчера додека ти одеше со својот автомобил кон парламентот на мојот грб, оти патните трошоци ти ги плаќаме ние, јас моето дете го испратив со автобус за Скопје на факултет (најефтино ми е)ј. Му се расипал автобусот па за да не ме нервира оти му дадов за цела недела само 1200 денари наместо да викне такси стопирал (сирото мое дете). А, локална Владо те видел додека си поминал со службен автомобил и не си го качил, само си го отпоздравил бидејќи си го познал дека е мое дете. За срам си Владо, а богами и проклет да си. Исто сакам да ти кажам дека последното родителско не го одржав со физичко присуство бидејќи чевлите напред ми се изабени (трета година ги носам), и што да правам ги свикав родителите онлајн. Еее, и јас сакам кожени и удобни чевли, ако не за друго барем затоа што тебе те учев. Ама нема, последните ги купив 480 денари од Бит пазар. Срам ми беше многу, но морав да се снајдам, сакав да ја заслужам платата. И, кога почна родителската, родителите почнаа…Наставнику не те слушам добро, јас од часовник сум приклучена, еден пак вели јас со Ај падот имам проблем. Оф, господе да беа со некое мини лаптопче старо 10 години како мене сигурно ќе можев да и помогнам да ме слушаат. Ама, тоа е, успеале да купат се’, но залудно. Не сме ги добро научиле како да се снаоѓаат. Драга Владо ние денес за неделен ручек пржиме колбаси, обични-вакумирани, ќе измешаме со нив малку компири и боранија, туршија уште имаме. За шопска е рано, белким ќе ни се покачи платата. Владо и јас и сопругата сме наставници, парите почнавме да не ги делиме, туку да ги делкаме. Две мои колешки пак бидејќи беа со по една плата дома, го вратија мини лаптопчето на работа и заминаа во Германија. Работат веќе, ми се јавија, среќни-пресреќни. Им велам зошто се смеете додека зборите со мене? И ми велат не се смееме, среќни сме за прв пат земавме човечка плата. И почнаа да ми кажуваат како јаделе бифтек. Последно прашање Владо, до кога ќе ти го плаќаме горивото и бифтекот што го јадеш бидејќи уште малку ќе останеме и без колбаси?! Е, тогаш Владо не 10% покачување, ќе треба 100 % на Фондот за здравство да не префрлиш. Оболевме Владо од твојот глад, така да си знаеш! Воедно сакам да им се извинам на сите кои се викаат Владо, верувајте дека вас не ве мразам– се истакнува во текстот кој што пристигна до нашиот информативен тим од страна на анонимно лице, текст кој што претставува една брутална исповед на еден просветен работник.




Сподели го ова:

Слични објави