|

ФК Победа го освои второто место на меморијалниот турнир „Вуко Каров“ во Кавадараци

Сподели го ова:





























Фудбалерите на Победа паузата во домашниот шампионат ја искориостија да земат учество на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров“ во Кавадараци, зааедно со домаќинот и организатор Тиквеш и битолски Пелистер. Турнирот се играше по италијански модел-секој со секого по едно полувреме-се истакнува во објавата на официјалната Facebook група на ФК Победа – Прилеп. Оваа објава, Ви ја пренесуваме целосно во прилог на оваа објава:

Црвено-белите, кои настапија во некомплетен состав без неколку првотимци, на двете средби одиграа нерешено.

Во првите 45 минути со Тиквеш 1-1 (стрелец Џејмс Амашихоху), а во вторите 45 минути 0-0 со Пелистер. Победник на турнирот е Пелистер благодарение на победата над Тиквеш од 1-0.

По завршување на турнирот доделени беа пехари-на првопласираниот Пелистер, Победа е втора а Тиквеш третопласиран. Голманот на Победа Даниел Котески го доби признанието за најдобар голман на турнирот.-се истакнува во објавата на официјалната Facebook група на ФК Победа – Прилеп.

5656




Сподели го ова:

Слични објави